Владата го испрати предлогот за четири суштински измени на Уставот до Собранието

Facebook
Twitter
Email
Print

На 92. седница на Владата на Република Македонија беше разгледан Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, со Насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија, како следен чекор кој произлегува од Договорот од Преспа меѓу Република Македонија и Република Грција.

 

Владата на РМ го утврди текстот усогласен согласно укажувањата изнесени во расправата на седницата на Владата и врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија и членовите 193 и 194 од Деловникот на Собранието на Република Македонија заклучи да го достави до Собранието на Република Македонија, со предлог да го разгледа Собранието и да донесе одлука за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија.

 

Додавање на придавката Северна во името на Република Македонија, измени во Преамбулата на Уставот, односно при наведување на државно-правните традиции ќе се внесе повикување на првото заседание на АСНОМ со конститутивни одлуки, т.е.  одделно ќе се именуваат сите одлуки на АСНОМ, поцврста гаранција за границата – трајност на границите и суверенитетот и грижа за Македонците и дијаспората во странство, без мешање во суверените права на други држави, се четирите предложени суштински промени во Уставот.

 

За сите предложени точки, во документот постои и детално објаснување за причината за предложените измени на Уставот.

 

Од Владата велат дека сега сите членови на Собранието на РМ, сите пратеници, без разлика на која партија ѝ припаѓаат имаат историска должност и обврска пред граѓаните, да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи