Спасовски: Постојат закани кон пратеници, тие се под полициско обезбедување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека пратениците кои гласале за уставните измени се под постојана закана. Тој уверува дека МВР ќе ги заштити сите кои се во опасност.

 

Спасовски рече дека заканите доаѓале од „група блиска до иницијативата Бојкотирам“. Станувало збор за закани по живот и по имотот на повеќе пратеници од страна на оваа група.

 

„Се додека има такви закани, пратениците ќе бидат обезбедувани“, вели Спасовски.

 

Министерот тврди дека станува збор „за реални и директни закани кон пратениците“.

 

Потсетувајќи дека вчера бил извршен претрес во домот на лице кое ширело закани преку социјалните мрежи, тој порача дека нема „да се дозволат говор на омраза и закани кон граѓаните“, без оглед на нивните политички ставови.

 

Досега двајца се осомничени дека преку социјалните мрежи упатувале серизони закани кон пратеници кои гласаа за отварање на уставот за амандмани по него. Спасовски го повика и јавното обвинителство да ги испита наводите на опозицијата за поткуп на пратеници, за кои смета дека се невистинити.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи