Младите во Македонија воопшто не се заинтересирани за фризерскиот занает. За проектот на занаетчиската комора, кој е финансиски поддржан од УСАИД, а кој опфаќа 9 месечна бесплатна обука за практиканти кои имаат завршено средно фризерско училиште и обука на чираци и полагање на мајсторски испит, на ниво на држава со крајни напори се пријавиле само 20 лица. Креаторот на проектот Крешимир Здравески вели дека ова е поразително за едно држава.
„Едноставно не гледаат можност за понатамошен развиток и профитабилност во нивната сфера биидејќи се соочуваат со проблем од финансиска гледна точка. Викаат едноставно, што потоа, што по тие 9 месеци завршена обука. Кога не сум моќен со сопствени средства да отворам свој салон. Повеќето од нив не сакаат овде да работат, сакаат да заминуваат надвор, затоа што немаат доверба во институциите“, кажа Крешимир Здравески, фризер, член на занаетчиска комора.
Здравески како еден од примерите за негрижата на државата за овој занает го наведува тоа што за последните грантови за самовработување на АВРМ само еден проект бил наменет за фризерски салон со студо за шминка и еудукативен центар за фризери, но и тој бил одбиен, иако кандидатот имал повеќе годишно искуство и сите можно потребни квалификации, меѓународни сертификати и дипломи. Обвинува дека проектите несоодветно биле оценувани.
„Не им даваме ние доверба да имаат во институциите. Повеќе од 70% кажаа дека во оваа држава тие не гледаат иднина, единствено и само заради овие причини“, истакна Здравески.
Здравески вели дека овие ситуации и во иднина ќе бидат причина за масовното иселување на младите од Македонија кои се занимаваат со оваа бранша.