Прилеп ќе биде првата општина во Македонија која што ќе воведе автобуси на метан во градскиот јавен превоз. Во тек била тендерска пострапка за набавка на 4 нови вакви автобуси, за кои што Општина Прилеп ќе оддели 48 милиони денари. Автобусите требало да пристигнат кој крајот на февруари идната година. Бидејќи во Прилеп моментално нема станици за метан, во тек биле разговори и за овој дел со некои компании.
„Моментално сме до евалуација на понудите. Со оглед на тоа што станува збор за јавна набавка, ова е меѓународен тендер и таа трае подолг временскии период. Во разговори сме со 2 бензински станици во градот кои се заинтересирани да донесат метан станица во нашиот град“, истакна Марија Цветаноска, в.д. директор на ЈП за ПУП.
Моментално јавниот превоз во Прилеп се врши само со 7 автобуси. На 3-те линии сообраќајат по 4 автобуси, чија просечна старост е 22 години, поради што автобусите скоро секој ден се во дефект. 6 автобуси пак се комплетно вон функција.
„Кога ќе ги добиеме новите автобуси на метан планираме да ги повлечиме старите автобуси, да ги ремонтираме и реновираме и да ги вклучиме во одредени населби каде што досега не е вклучен градскиот превоз“, додаде Цветаноска.
Со новите автобуси ќе се заштеделе големи финансиски средства, а ќе се заштитела и животната средина.