ОЈО Прилеп почна постапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Основното јавно обвинителство Прилеп по поднесена кривична пријава почна постапка против едно лице од Прилеп, поради сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 од Кривичниот законик.

 

„Осомничениот неовластено заради продажба во својот дом држел 43,85 грама наркотична дрога марихуана и 4,29 грама семки од наркотична дрога марихуана, кои при извршен претрес од страна на полициските службеници биле пронајдени и одземени“, се наведува во соопштението на ОЈО.

 

Како што наведоа од обвинителството, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи