ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : СДС е успешна само во една работа, непотизам и вработување на роднини и пријатели

Во текот на вчерашната седница на Советот на Општина Прилеп беше донесена одлука за формирање на ново претпријатие за енергетика. Ако се земе предвид фактот дека Прилеп е далеку од гасификација, дека во нашата општина немаме потрошувачи, корисници на гас, јасна е целта за постоењето на едно вакво претпријатие во кое ќе треба да се вдомат партиски кадри од редот на СДС. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјоска Локвенец, советник во Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во текот на вчерашната седница, именуваниот директор Игор Спиркоски кој треба да застане на чело на ова претпријатие, соопшти дека истиот бил во роднинска врска со градоначалникот Јованоски. Истото лице го потврди фактот дека се уште е далеку протекувањето на гас во нашиот град, најверојатно нема да биде ни до крајот на манданот на градоначалникот.

 

Оваа локална власт предводена од СДС досега покажа дека е успешна само во една работа, а тоа е вработувањето на роднини и пријатели на високи партиски функционери во јавните претпријатија, на убави и раководни места.

 

За жал, не само што оваа практика на непотизам не престанува, туку истата продолжува овој пат без срам, на штета на обичниот граѓанин кој едвај врзува крај со крај, заработувајќи го чесно парчето леб.

 

Животот кој го ветуваа предизборно дојде за неколкумина најблиски. Иако во овој момент во Прилеп нема апсолутно никаква потреба од едно вакво претпријатие, сепак некој решил дека покрај трупање на Општината и останатите институции со нови кадри блиски до СДС, потребно е да се формира уште едно претпријатие за нивно вдомување.

 

Како што тргнале да размислуваат градоначалникот Јованоски и претседателот на Совет Талески, ништо чудно во иднина да формираат претпријатие кое ќе биде на граница на научна фантастика, притоа губејќи ја реалноста за градот.

 

И додека оваа локална власт има мизерен процент на реализирани проекти, Општината ќе треба да издвојува пари од буџетот за финансирање на ова ново претпријатие, или поточно ќе се трошат пари на плати за партиски војници.

 

Градоначалник, уште колку членови на вашата фамилија имате за вработување и поставување на раководни позиции?

 

За доброто на сите нас, за доброто на Прилеп и Македонија, треба што поскоро да заврши ваквата политика на СДС“, рече Стерјоска.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи