По примерот на сопартијката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, Лука Кржаловски се повлекува од функцијата претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Кржаловски, покрај другото од образложението за оставката се забележува дека е видно разочаран од дејствувањето на неговата партија а вели дека забележува континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори кои, како што пишува „сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во пошиокиот балкански регион“.
„Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот – ЕПП. А друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство“, потенцира Кржалоски.
Кржалоски беше избран за претседател на УМС во март годинава, на предлог на актуелниот Централен Комитет на партијата.