Се подготвува текст за Предлог Закон за социјална сигурност за старите лица

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за труд и социјална политика подготвува Предлог-закон за социјална сигурност за старите лица, односно по навршување на старосната возраст од 65 години за лицата кои не оствариле пензија се предвидува воведување на посебно парично давање – право на социјална сигурност на старите лица.

 

Од Министерството за труд и социјална политика образложуваат дека реформата на паричните надоместоци заради обезбедување на социјалната сигурност на материјално необезбедените лица ја наметнала потребата за посебна заштита на старите лица кои се материјално необезбедени, односно дека се предвидува воведување на посебно парично давање – право на социјална сигурност на старите лица по навршување на старосната возраст од 65 години за лицата кои не оствариле пензија.

 

„Со овој Предлог – Закон се уредува парично давање за социјална сигурност на старите лица, посебните услови за остварување, начинот и постапката на остварување на правото и финансирањето. Со овој пропис ќе се обезбеди: – промовирање и одржување на социјалната сигурност на старите лица, – спречување на социјалната исклученост и подобрување на квалитетот на животот – зајакнување на капацитетите на старите лица за водење независен, активен и продуктивен живот“, стои во образложението.

 

Инаку кога ја најави, Министерсвото за труд и социјална политика објави дека износот на социјалната пензија се предвидува да изнесува околу 40 проценти од просечната пензија во Република Македонија или околу 5.000 денари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи