Египетските археолози неодамна во близина на Каиро, на локалитетот Сакара открија седум гробници од периодот на фараоните, во кои се пронајдени повеќе десетици мумии на мачки, како и ретка збирка мумифицирани свети инсекти во египетската митологија – скарабеј.
Саркофазите се откриени на работ од пирамидалниот комплекс на древниот владетел, фараонот Усеркаф, основач на Петтата египетската династија. Во повеќето гробници се пронајдени мумифицирани мачки, околу 200 мумии, а што потекнува од почитувањето на древните Египѓани кон ова животно на чиј бог Басет му се молеле.
Новооткриените гробници со мумиите некогаш служеле за погребување на посмртните останки од Мемфис, град кој две илјади години бил престолнина на древнот Египет. Откриени се седум саркофази, а во три се наоаѓаат мумифицирани мачки. Древните Египќани верувале дека мачките, како и другите животни, имаат посебно место во задргобниот живот. Во една од гробниците е најдена и бронзена статуа посветена на божеството на мачките.
Скарабејот, еден од најпознатите древни египетски талисмани и свет инсект на египетската митологија, се смета за симбол на бесмртноста. Древните Египќанио го поистоветувале со сонцето и веројатно го симболизирал богот на Сонцето – Ра.
„Откритието на мумифицираниот скарабеј преставува навистина нешто единствено“, изјавил Мостафа Вазири, генералниот секретар на Државното биро за старини. Археолозите планираат да продолжат со истражувањата на локацијата во Сакара, бидејќи таму се најдени порти кои водат во друга, се’ уште запечатена гробница.
Луѓето во древниот Египет биле мумифицирани за нивните тела да бидат сочувани за животот после смртта, а животинските мумии биле правени поради принесување жртви на боговите.