Поразителни бројки: За седум години 1.207 лекари ја напуштиле Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Во последните 7 години Македонија ја напуштиле 1207 лекари. Повеќето од нив се млади лекари до 35 години, возраст кога се смета дека е најпродуктивна во медицината, предупредија денеска од Клубот на млади лекари, каде членуваат студентите по медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. 

 

Не се причината само платите на лекарите, иако и тие се важен сегмент. Не секогаш најдобрите студенти ја добиваат највисоката оценка или вработувањетоБидејќи, колку тие и да се обидуваат, тоа често го добиваат синовите или ќерките на професорите или пак, оценувањето и вработувањето оди по партиска линија! А тоа, за жал, е доста честа практика кај нас“, рече Соња Граждани, студентка на 6. година на Медицинскиот факултет во Скопје.

 

Интерните истражувања и анкети кои клубот на млади лекари ги направи помеѓу студентите по медицина на медицинскиот факултет  укажале  дека најголем дел од студентите веќе го изучуваат германскиот јазик, како почетна фаза на комплетно заминување и продолжување на научното усовршување надвор од Македонија.

 

Најголем дел од студентите веќе го изучуваат германскиот јазик, како почетна фаза на комплетно заминување и продолжување на научното усовршување надвор од Македонија. Некои почнуваат да учат германски уште од 1. година, веднаш по уписот на факултет, а повеќето во другите години на студирање“, нагласи Граждани.  

 

Целта на настанот кој го организираше клубот на млади лекари е зголемување на учеството на младите лекари во реформските пороцеси  во здравствениот систем.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи