Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на дериватите. Според новиот ценовник, што ќе стапи во сила од ноќеска, малопродажната цена на бензинот се намалува за 4,5 денари по литар, а на дизел горивото за 3 денари.
Поточно, цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 4.50 денари, и еден литар 95-ка ќе чини 67.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 4 денари, и еден литар 98-ца ќе чини 69.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за три денари, и еден литар дизел ќе чини 64.50 денари.
106