Марковиќ: Заев нека се позанимава со тоа како Груевски избегал

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, за време на гостувањето во црногорската телевиција РТЦГ, рече дека Црна Гора нема обврска да се грижи осудениот екс-премиер Груевски да не изврши бегство, туку дека тоа е задача на Македонија. Неговата реакција следува по изјавата на македонскиот премиер Заев, кој јавно се запраша како е можно четири земји – пријатели на Македонија, дозволиле бегство на Груевски преку своите територии.

 

„Нека мојот пријател Заев се позанимава со тоа зошто и како ја напуштил Македонија, зошто на време не била распишана потерница за него и како влегол во земја членка на ЕУ без пасош. Тоа прашање не може да се поставува на Црна Гора. Тој низ Црна Гора поминал на законски начин. Со лични докумети кои ги имал влегол во Црна Гора и за само еден час или нешто повеќе влегол во Србија. Во тој момент според податоците на граничните премини за Груевски не била рапишана потерница”, рече Марковиќ во интервјуто за РТЦГ, по повод две години од работата на неговата Влада.

 

Во контекст на својот одговор, премиерот Марковиќ додаде дека Груевски низ Црна Гора поминал целосно законски, со лични документи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи