Модерниот Робинсон Крусо сакаат да го иселат од островот на кој живее веќе 30 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Еден Италијанец кој речиси 30 години живее сам на напуштен остров, недалеку од Сардинија, може да биде иселен во јануари.

 

Мауро Моранди (79) е неофицијален чувар и туристички водич на островот Будели, дел од архипелагот Ла Мадалена меѓу Сардинија и Корзика, познат по неговата розова плажа.

 

Поранешниот наставник по физичко образование, кого италијанските медиуми го нарекоа модерен Робинзон Крусо, дојде на островот во 1989 година со тројца пријатели и партнерката додека бил на пат за Полинезија.

 

“Сакав да побегнам од ова општество кое не го сакам и да одам на напуштен остров во Полинезија, но својата Полинезија ја пронајдов тука”, рекол Моранди.

 

На почетокот Моранди и неговото друштво ја презеле работата на дотогашниот чувар на островот. Неговата партнерка и двајцата пријатели наскоро се вратиле дома, додека третиот пријател останал и починал во 1993 година.

 

Во 2014 година, островот Будели стана дел од Националниот парк Ла Мадалена и неговата управа објави дека ќе го урне она што Моранди го надградил на својот дом на островот.

 

„Во јануари ќе го замолиме да замине. Ќе се обидеме да најдеме начин да соработуваме со него во иднина”, кажа Фабрицио Фонену, претседателот на управата на паркот.

 

На својата страница на Фејсбук, Моранди напиша дека не добил известување за иселување, и јасно кажа дека нема намера да се врати во родната Модена.

 

“Да губам време играјќи карти во кафуле и во куглана? Тоа не е за мене”, рекол Моранди.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи