Заев: Поврат на ДДВ ќе има в година од 1 јули, но само експериментално

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот, Зоран Заев, на денешната седница на пратенички прашања најави дека повратот на 15 отсто од данокот на додадена вредност ќе почне со експериментален период од 1 јули и во зависност од резултатите кои ќе ги покаже проектот, официјално ќе почне да се реализира од 1 јануари 2020 година. Како што појасни Заев, од 1 јули повратот ќе биде лимитиран на 30.000 денари и ќе ги опфати само социјалните случаи, како и семејствата со помали приходи.

 

„Обезбедивме договор со сите банки за давање бесплатни картички. Дел од банките имаат интерес за електонски систем на наплата. Системот е подготвен и ставен во функција. Првите шест месеци ќе бидат експериментални за да можеме како сериозен проект да ги провериме резултатите. Експериментално ќе се однесува на граѓаните кои се приматели на социјална помош и оние семејства кои имаат по еден вработен, за да можеме да дадеме шанса за овие 6 месеци на најсиромашните граѓани. Ова е дел од програмата на Владата, имаме намера да го спроведеме овој проект, но системот мора да биде поставен на вистински начин. Официјално се очекува даночната евазија која ја имаме од воведот на ДДВ до денес, која се движи со намалување, но е поголема од 30 отсто, со повратот на ДДВ да се спречи“, рече Заев.

 

Премиерот објасни дека приливот од ДДВ изнесува околу милијарда евра само со половична успешност на овој систем. На 15 отсто повраток на ДДВ би се собрале околу 150 милиони евра, од кои околу 90 милиони евра би се вратиле кај граѓаните, а 60 милиони во буџетот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи