Студентка од Париз поминала низ пекол фарбајќи ја својата коса

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Деветнаесетгодишната студентка од Англија на интернет го сподели своето лошо искуство со една фарба за коса.

 

Естел добила сериозна алергиска реакција поради хемикалијата PPD (Paraphenylenediamin), која се наоѓа во голем број фарби за коса и која предизвикува алергиска реакција кај одредени лица.

 

Таа ја купила бојата во маркет во Париз каде што студира. Ја почнала препорачаната постапка за проба на бојата пред целосно нанесување, односно мало нанесување на кожата за 48-часoвен алергиски тест.

 

Сепак Естел не ги испочитувала советите и наместо 48 часа, чекала само 30 минути и потоа се исфарбала. Набрзо почувствувала чешање и печење на скалпот, па испила антихистамини, но утрото состојбата драстично и се влошила. Нејзината глава почнала сериозно да отекува, а додека стигнала во болница, потекол и нејзиниот јазик.

 

„Не можев да дишам, главата ми изгледаше како светилка. Речиси умрев, на никој не му посакувам да му се случи такво нешто“, изјави таа.

 

Обемот на нејзината глава неконтролирано пораснал за дури 63 сантиметри. За среќа, Естел добро реагирала на терапијата и по 24 часа отоците поминале, со што успешно се опоравила од оваа алергиска реакција.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи