Морето исфрлило необичен скелет во Нов Зеланд, никој точно не знае што е

Новозеланката Хана Мери шетала по брегот на Крајстчрч кога на плажата затекнала остатоци од едно необично битие.

 

По бурата, морето исфрлило се и сешто на плажата, а овој скелет привлекол големо внимание кај тамошните медиуми.

 

 

 

 

„Прво помислив дека станува збор за нешто со вонземјанско потекло. Бев фасцинирана“, рече Хана.

 

 

Со ќерката мистериозниот скелет го однела кај стручњаци за препарирање на животни, но никој не можел да и помогне.

 

 

Кога фотографиите од ова суштество завршија на социјалните мрежи, се појавија многу теориии за што би можело да се работи. Некои тврдат дека „изгледа како ѓавол“, дека тоа сигурно не е риба, но преовладува одговорот дека најверојатно во прашање е пажа од длабоките води. Иако официјален одговор нема, судејќи по обликот на скелетот, тоа најверојатно е точно.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи