ВИДЕО – Вистински спектакл во Прилеп – над 120 учесници на „Prilep Special Show“

Барем за момент Прилеп вечерва наликува на Париз, Милано и другите големи европски модни центри. Прилепската публика има уникатна можност да биде дел од единственото шоу во Македонија од ваков вид насловено „Prilep Special Show“ каде над 120 фризери, бербери и козметичари од Македонија, Србија, Грција, Словенија и Косово ги претставуваат своите креациии.

 

Креациите се работени исклучиво според тема од некој филм. Организатор е „Здружението на бербери, фризери и козметичари од Прилеп.  За прв пат шоуто се одржа лани, а новитет годинава е тоа што ќе трае 2 дена. Забавата и шоуто продолжува и утре со едукативни семинари со едни од најпознатите фирми во светот козметиката и убавината!

 

Погледнете како изгледа дел од атмосферата и изјавите на учесниците од вечерашното шоу во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи