Во двата дневни центри во Прилеп за лица со посебни потреби „Ѕуница“ и новиот Центар за лица со церебрална парализа беше одбележан 3 декември, меѓународниот ден на лица со посебни потреби. Центарот за лица со церебрална парализа го посетуваат околу 14 лица, а неговиот капацитет е за околу 30. Бранка Пројческа, едукатор во центар вели дека отворањето на центарот во септември оваа година многу придонесло за развојот на децата кои го посетуваат истиот.
„Услугата тука е оброк, активности, работа, социјална заштита и физикална терапија. Од почетокот до завршувањето на денот децата ги користат сите наши услуги. Најголема корист од сето тоа имаат самите тие, за нивниот психофизички развој, социјализацијата, дружбата си другите дневни центри, дружбата со другите училишта и инстиитуции каде што не постојат пречки“, рече Бранка Пројческа, едукатор во дневниот центар за лица со церебрална парализа.
Билјана Стојческа е родител на дете со церебрална парализа. Вели дека државата треба многу повеќе внимание да посвети на лицата со попреченост како и на нивните семејства.
„Децата со церебрална парализа сакаат посебна грижа и посебно внимание. Треба да се имплементираат и во школството затоа што моето дете оди во редовно училиште, треба да се доделат асистенти на тие деца да можат тие деца да бидат самостојни за понатаму во животот да можат да функционираат како секој нормален граѓани. Потребни се пристапни рампи, бидејќи има места каде лицата со попречености неможат да се движат. И треба да се посвети внимание и на финансирањето на овие лица бидејќи голем дел од нив се наоѓаат во лоша финансиска состојба“, рече Стојческа, родител на дете со церебрална парализа.
Од Центарот за социјална работа во Прилеп велат дека заедницата треба да биде посветена на олеснување на животот на граѓаните секој ден, не само на Меѓународниот ден за грижа на оваа категорија граѓани.
„Одбележуваме денес еден ден кој треба да биде вака одбележан секој ден имајќи во предвид дека во Центарот за социјална работа немаме регистар на вакви лица сепак само во делот на посебниот додаток имаме 550 деца кои се активно регистрирани како лица за кои исплаќаме таков износ“, рече
Градоначалникот Јованоски најави дека Општина Прилеп, следната 2019-та година ќе планира проект за изградба на пристапни влезови до сите институции.
„Ние како општество и како заедница имаме обврска и цел да најдеме начин да им помогнеме на овие лица, зашто мораме да ги интегрираме во општеството. Тоа е наша должност. Мора да најдеме начин за инклузивност во образованието, да се отстранат сите бариери кои што ја спречуваат мобилноста на овие граѓани,со општествена одговорност на сите институции и индивидуално сите граѓани треба да се вклучиме со цел подобро општество за сите нас. Мора да најдеме начин како да изградиме пристапни патишта до сите институции, за сите граѓани со попреченост. Како Општина сме исправени пред овие предизвици. Следната година планираме да реализираме проект за изградба на пристапни рампи, лифтови,пристапни влезови до сите институции“, изјави градоначалникот Јованоски.