Во организација на Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево беше одбележан Денот на лицата со попреченост. На одбележувањето на овој ден присуствуваа и претставници од Центарот за социјални работи и организацијата ОО Црвен крст Крушево.
Децата и младите со посебни потреби добија скромни подароци од Општина Крушево, а добија и ветување дека подароци ќе добијат и за Нова Година.