ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Нема ништо од ветувањето на Јованоски дека Прилеп ќе добие нов стадион и европски клуб

Прилеп вчера по подолго време се израдува на спортски успех, а главните актери за тоа беа црвено-белите миленици од фудбалскиот клуб Победа. Затоа најпрво би сакал да им го честитам пласманот во полуфиналето во најмасовното фудбалско натпреварување кај нас, а тоа е фудбалскиот куп на Македонија. Истакнаа денеска на прес конференција од на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Фудбалерите на Победа се можеби единствените во светот, кои оваа сезона настапуваат како трговски патници. Без стадион, од град во град, па уште и понижени и без заслужените плати и премии. Сепак, кога гладот и љубовта кон фудбалот се пресудни се стигнува и до ваков успех, и тоа против силен и економски моќен противник како Шкенија.

 

И покрај ветувањето на актуелниот градоначалник дека Прилеп ден поскоро ќе добие стадион каков што заслужува, но и европски клуб со европски услови за работа, Победа оваа година ја поминува една од најтешките фудбалски сезони. На градскиот стадион „Гоце Делчев“ подолг временски период не се извршуваат никакви активности, а локалните власти мачкаат очи во јавноста дека вината за тоа е кај претходната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Па заборавивте ли дека влеговте во втората година од вашиот читиригодишен мандат? Заборавате ли колку прес конференции одржавте тука на оваа локација? Го прашуваме Јованоски до каде е изборот на нов изведувач за изградба на стадионот?

 

Каде  е сега Јованоски да побара од Советот на општината премија од еден милион денари, како што тоа го правеше кога СДС беше опозиција во Прилеп?

 

Спортот, а особено фудбалот бара континуирано вложување, а со вашата несериозност го доведувате пред згаснување. Победа е повеќе од клуб, таа е љубов на прилепчани. Победа е емоција и радост на многу генерации. Клубот заслужува многу повеќе и заслужува да биде издигнат на едно повисоко ниво. Прилепчани стравуваат дека нивниот миленик одновно ќе го гледаат во понизок ранг на натпреварување, а вината за тоа ќе биде само ваша. Младите ве повикуваат итно да се зафатите со работа и да го консолидирате работењето на клубот.

 

Победа не смее да биде жртва на вашата неумешност и незнаење.

 

Почитува градоначалник, прилепчани не се со кратко помнење, тие ги паметат сте ваши грандиозни ветувања. Времето во политиката поминува многу брзо, па казната за неисполнувањето ќе ве стигне како молња. Ќе заминете како најнеуспешниот градоначалник и најнеуспешната локална власт во историјата на Прилеп“. рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи