Полицаец загина откако неговиот автомобил беше прегазен од воз

Facebook
Twitter
Email
Print

Утрово околу 05,50 часот на патен премин преку железничка пруга „Маџари“ товарен воз кој сообраќал на релација од Табановце кон Скопје удрил во патничко моторно возило „Фолксваген венто“, сопственост на МВР, а управувано од А.Б., полициски службеник во Полициска станица Гази Баба, кој починал на местото на настанот.

 

 

Жителите на Хиподром велат дека често се сведоци на вакви несреќи, најмногу поради лошата сигнализација, но и начинот на кој е обезбеден преминот. Според нив треба редовно да се одржува и менува сигнализацијата на пругите, но и возачите да бидат внимателни.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи