Откриена нова планета, трипати поголема од Земјата

Научниците на американската агенција НАСА на годишен собир во Сиетл соопштиле дека телескопот Тес открил нова планета, надвор од Сончевиот систем, која е три пати поголема од Земјата.

 

Ново откриената планета е наречена ХД 21749 , сместена е во соѕвездието  Ретикулум и кружи околу светлата и џуџеста ѕвезда која од Земјата е оддалечена 53 светлосни години.

 

Според првите анализи, новата планета има најдолго орбитално времетраење меѓу планетите кои досега ги идентификувал Тес. Новооткриената планета нема изразени сличности со планетите од Сончевиот систем.

 

Експертите наведуваат дека планетата е сместена во атмосфера на тешки гасови и дека содржи поголема количина  вода и поради тоа е и до 23 пати потешка од Земјата. Се проценува дека просечната температура на површината е 150 степени Целзиусови.

 

Планетата  ХД 21749  околу својата ѕвезда патува 36 дена, што е десет пати пократко од патувањето на Земјата околу Сонцето.

 

Годината на новооткриената планета треа многу пократко во однос на Земјата, но е пет пати подолга од годината на планетата „Супер земја“, планета која телескопот Тес минатата година  ја идентификува надвор од Сончевиот систем .

 

НАСА минатата година со помош на ракетата Фалкон во вселената го лансираше сателитот ТЕС. Негова задача, во текот на двегодишната мисија, е да истражува небески тела надвор од Сончевиот Систем.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.