Укинување на Законот за трговија на зелени пазари – во спротивно нема закуп на тезги

Facebook
Twitter
Email
Print

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија смета дека е потребно да се одложи или целосно да се укине Законот за трговија на зелени пазари врз работата на организаторите на пазарите кој е во примена од почетокот на годинава.

 

Организаторите на пазари, членки на Стопанската комора на Македонија, се договориле дека нема да склучуваат нови договори за закуп се додека не се изнајде решение за проблемот со кој се соочуваат.

 

„Законското решение не ги задоволи очекувањата на организаторите на пазари бидејќи не ги решава проблемите за кои требаше да биде донесен. Дополнително, одделни решенија во законот ќе го намалат бројот на пазарџии за 30 отсто, што ќе влијае и на намалување за 30 до 50 отсто на прометот на зелените пазари. Од сето ова и државата ќе има помали приходи“, изјави на денешната прес-конференција во Стопанската комора, Данела Михајловска Василевска.

 

Од Групацијата велат дека до сега ниту еден пазарџија не поднел барање за потпишување договор за закуп на тезга и немаат информација колку лиценци се издадени до сега. Од комората на трговци, пак, тврдат дека од вторник е почнато да се издаваат лиценци. Првиот ден биле издадени 15 лиценци.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи