ВИДЕО – Прилепчанец пронајден мртов во својот стан, пожарникарите му влегоа во станот кршејќи ја вратата од терасата

Вистинска драма се одвиваше вечерва во населбата Точила во Прилеп. Околу 18 часот 69 годишниот прилепчанец В.М. беше пронајден мртов во својот стан во зградата Д3. Соседите и хигиеничарката која му чистела во неговиот стан го немале видено веќе неколку денови. Загрижени ги повикале неговите роднини кои не успеале попладнево да влезат во станот.

 

Со одобрение на полицијата, вечерва пожарникари со корпа влегоа во станот на 4-тиот спрат преку терасата кршејќи ја вратата која била заклучена. В.М. е пронајден мртов во својот стан. Смртта ја констатираше екипата на Итната помош од Прилеп. А на лице место излезе и Јавен обвинител.

 

„Кај телото не се пронајдени траги на насилство. Станува збор за природна смрт. Лицето претходно имало сериозни срцеви проблеми. Пожарникарите во присуство на неговиот внук преку терасата влегоа внатре и го пронајдоа телото. Нема да има обдукција на телото“, истакна Дамчо Кочоски, заменик јавен обвинител.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи