ВМРО-ДПМНЕ : Расипничко владеење во Тутунски Прилеп, поседуваме и видео кое алудира на тоа

На расипничкото владеење на СДС му нема крај. Се што фатија, се упропастија. Погубните политики како на централно, така и на локално ниво, даваат катастрофални резултати, кои удираат по џебот на обичниот народ, додека некои се богатат преку ноќ на нивната мака. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Имено, пред извесно време на еден портал беа објавени документи во кои  се гледа бруто билансот по партнери од страна на Тутунскиот комбинат Прилеп. Па така според документите од овој портал, пров забележуваме како Тутунски комбинат Прилеп на ДМ колор микс дооел Прилеп му испратил наводно над 1 милион и 400 илјади денари, притоа во десниот агол од документот е испишано дека оваа сума била потрошена за боја, кнауф и поликолор.

 

Потоа има документ во кој е наведена сума од 54.000 денари кои комбинатото му ги исплаќа на ресторанот Чифлиг, сума потрошена за угостителски услуги, што укажува на недомаќинското работење и непотребното трошење на парите.

 

Во наредниот документ овој портал објавува дека Тутунски комбинат Прилеп на Порше Македонија дооел за сервис на ауди 8, без тендер, му исплаќа сума од 422.734 денари.

 

Во следниот документ комбинатот за обезбедување на партнерот Бригада му исплаќа огромна сума од над 800.000 денари, при што во документот од овој сајт е наведено дека оваа сума е исплатена за 22 лица, покрај фактот што биле пријавени 18 лица. Па така разликата од 4 лица отвора сомнеж за можен криминал и злоупотреба.

 

Во друг документ наведено е дека на Уни Атлас, за набавка на компресори му се исплатени речиси 70.000 евра, при што напишано е дека се прикажани 30.000 евра за да нема тендер и да се изврши набавката на тендер.

 

На последниот документ објавен на сајтот е наведена дека за кров, без објавен тендер, од комбинатот на Градба Јасен му се исплатени над 3 милиони и 900 илјади денари.

 

Прашуваме, дали се вистинити наводите изнесени во документите објавени на овој портал? Ова ли е домаќинското работење кои владата предводена од СДС го ветуваше за граѓаните? На ваков ли начин се води грижа за успешно и функционално работење на комбинатот, кој пропаѓа со секој изминат ден?

 

Бараме од одговорните лица на комбинатот да се произнесат околу овие документи, кои пред извесно време осамнаа на интернет просторот.

Исто така сакаме да ја известиме јавноста дека поседуваме видео материјал кој алудира на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на најтесното раководство на комбинатот.

 

Го повикуваме ОЈО, во рамките на своите законски надлежности, по допрен глас да ги провери изнесените наводи во документите објавени на интернет порталот, се со цел да испита можен криминал, можна злоупотреба која се одразува на штета на комбинатот, а во корист на поединци поврзани со раководството на истиот. Воедно му стоиме на располагање доколку се охрабри да покрене постапка, да го доставиме и видео материјалот.

 

Одговорност за ваквото расипничко работење мора да има и ќе има. Само така Македонија ќе продолжи да оди напред“, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи