Нови вакцини со погрешно залепени декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград.
Не се открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор, и во кои здравствени домови и градови биле доставени. Истрагата ќе утврди дали и на овие вакцини се залепени погрешни декларации како што беше случај претходно.
Проверка се правела и на целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови.
Иако здравствените власти очекуваа резултатите од контролата да бидат готови порано, се очекува да бидат обелоденети денеска.