Собранието со 81 гласови „ЗА“ ги изгласа амандманите за промена на Уставот на Република Македонија, со што се исполнуваат обврските на Македонија од Преспанскиот договор.
Со амандманот 33, зборовите „Република Македонија се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.
Амандманот 34 се однесува на промените во Преамбулата, амандманот 35 е за гарантирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и амандманот 36 се однесува на грижата за дијаспората.
ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата.