Дел од куќа во Прилеп изгоре во пожар што избувна, од засега непознати причини. Станарите не биле во куќaта кога избувнал пожарот и нема повредени, информират од прилепскта противпожарна единица.
Според Методија Николоски, од прилепската противпожарна единица пожарот е навреме локализиран.
„Една просторија во куќата на улицата „Републиканска“ број 25 е опожарена од засега непознати причини. Нема повредени, зашто семејството не било дома. Веднаш е интервенирано и пожарот е локализиран и изгаснат. Има материјална штета, но допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот“, изјави Николоски.
Увид на местото на опоижарувањето нарави полицијата.