ВИДЕО – 98 пријавени за фрлање по Светиот Крст во Прилеп, литургијата во црквите започнува во 04.00 часот

Празникот Богојавление – Водици секоја година зема се поголема масовност во Прилеп околу неговото чествување. Пријавувањето на кандидатите кои скокаат по Светиот Крст е се поголемо. За оваа година се пријавении 98 кандидати, од кои 10 девојчиња, а од нив најмалото е родено 2005 година. Најмалиот пак учесник, момче, е роден 2007 година. Како и лани така и оваа година фрлањето на Крстот ќе се изврши во Аква паркот Салида во Прилеп со почеток во 12 часот.

 

 

„Сакам да напоменам дека со фрлањето на крстот не почнува прославата за празникот Богојавление. Претходниот ден на 18 јануари ние во светите храмови во нашиот град служиме посебни часови посветени на тој ден и истиот тој ден го иизврршуваме Големиот Богојавленски Водосвет. Меѓу нашиот народ има едно размислување дека главната манифестација ќе се одржи на базенот. Не јас ќе речам дека честувањето на празникот започнува во 4.00 часот наутро во сите храмови на нашиот град. Околу 6.30 до 7.00 часот утрото завршува светата Божествена литургија, а после тоа пристапуваме кон извршување на Светиот  Богојавленски водосвет во сите храмови во нашиот град. Ги поканувам сите верници за нивна масовност како на светата литургија така и на фрлањето на Светиот Крст во Салида. Оние коие се фрлаат по светиот крст се фрлаат за лично здравје и здравје на фамилијата, а поклоните се споредна работа. Ние како црква на оној кој ќе го фати крстот ќе му подариме икона со крштевањето на Господ Исус Христос“, истакна Протоереј – Ставрофор Блаже Станкоски, Архиерејски намесник.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.