Порачал сендвич во авион, но добил многу помалку од тоа

Патник на лет од Бали до Австралија од послугата во авионот побарл сендвич, но кога го добил, не бил таков каков што се надевал.

 

Ник Мозли од Брајтон во авионот на компанијата „Џет стар ервејс“ посакал троен сендвич, но крајниот резултат бил многу помаку од тоа.

 

За својот оброк патникот палатил 9 австралиски долари и веднаш штом го отворил, открил дека нешто недостига – а тоа нешто всушност било сѐ!

 

Во сендвичот имало само маргарин и лист марула, а во вториот дел едно парче варено јајце.

 

Фотографии од овој минимизиран оброк Мозли споделил на „Твитер“, а авиокомпанијата веднаш се извинила за необичниот сендвич, кој, наводно, не бил дел од регуларното мени.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.