Од април годинава ќе има дополнителни вакцини за бебињата во центрите за имунизација. Вакцините против пневмококна бактерија и рота вируси ќе бидат задолжителни за сите деца.
„Според Календарот, децата на возраст од 1 година треба да ги примаат овие вакцини“, велат од Министерството за здравство.
Убедени се дека додавањето на овие две вакцини во календарот за имунизирање е во интерес на малите деца бидејќи и двете заболувања предизвикувале сериозни компликации до 5 годишна возраст.
Пневмококната вакцина е со три дози и една ревакцинација, а рота вакцината ќе има две или три боцкања, но тоа надлежните ќе го утврдат по завршување на тендерот за набавка на вакцини.
Иако здравствените власти ги најавуваа по нова година, го пролонгираа проширувањето на календарот поради незавршениот тендер за набавка на вакцини.