Бизнисменот Фијат Цаноски, сопственикот на комплексот „Космос“ кој беше урнат во 2011 година, на денешното рочиште за случајнот „ТНТ“ на СЈО рече дека уривањето било политичко и дека ќе бара отштета од 40 милиони евра, јавува МИА. Тоа е сума која што била направена според неколку вештачења во изминатиот период.
Во случајот „ТНТ“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Канакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски и уште четири лица.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.