ВИДЕО – Фаќањето на крстот во изминативе години им донесе среќа и бериќет на Вељаноски и Јанкоски

Триесет годишниот Алексдандар Вељаноски од Прилеп беше оној кој лани го фати Светиот крст во водите на Аква паркот во Прилеп за големиот празник Богојавление Водици. Досега по крстот се фрлал 8 пати, а го имал фатено 3 пати, во 2014, 2015, и 2018 година. Вели дека чувството е прекрасно кога ќе го фатиш крстот и дека во 2018 година се вработил и му се оствариле многу желби на приватен план.

 

 

„Чувството е прекрасно му посакувам на сите учесници многу среќа, да бидат упорни во фаќањето на крстот бидејќи е чувството е прекрасно да бидеш единствениот во големата група на верници кои учествуваат на настанот. Имало и ситуации и на гужви и малку туркање кога ќе скокнат сите, има борба во водата. За мене среќата и здравјето се најбитни успеав на работното место и ми се исполнија големи желби во приватнииот живот. Оставив годиина во која ме следеше среќа“, рече Алексдандар Вељаноски.

 

И неговиот другар Дарко Јанкоски има скокано по Светиот крст во Прилеп 8 пати, но тој успеал да го фати само еднаш, во 2017 година.

 

„На другите верници им посакувам и тие да се пријават во фаќањето на Светиот крст бидејќи ако се има желба и верување може да се стигне до него“, рече Дарко Јанкоски.

 

И Александар и Дарко велат дека најдрага награда им е самото фаќање на крстот и иконата која што ја добивале од црквата. Иако добивале и други награди како телевизори и слично негираат дека некој би се фрлал по крстот за Водици за некаква материјална корист.

 

„Јас незнам за другите јас лично за мене можам да кажам дека сите 8 години откако се фрлам јас се фрлам за здравје пред се. За другите незнам, мене лично не ме интересираат наградите“, додаде Јанкоски.

 

Од црквата пак велат дека одбележувањето на празникот не е само фрлањето по Светиот крст туку, повеќе требало да се посвети внимание на учеството на литургиите во храмовите.

 

„Честувањето на празникот започнува во 4.00 часот наутро во сите храмови на нашиот град. Околу 6.30 до 7.00 часот утрото завршува светата Божествена литургија, а после тоа пристапуваме кон извршување на Светиот  Богојавленски водосвет во сите храмови во нашиот град“, изјави Протоереј – Ставрофор Блаже Станкоски, Архиерејски намесник.

 

И Вељаноски и Јанкоски и годинава ќе бидат едни од 100-те прилепчани кои и годинава ќе се фрлат по Светиот крст.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи