Ние сме отпишани од државата, Владата не сака ниту да слушне за нас, иако веќе 10 дена се обидуваме да контактираме со некого, никој не сака да не прими. За да трагедијата биде уште поголема бевме дури и на протест во Скопје пред Влада и пак не не примија. Ова денеска револтирано го истакнаа поранешните вработени во Еурокомпозит, кои заминаа како технолошки вишок, кои денеска протестираа пред Општина Прилеп.
„Ниту еден од Владата не излезе да не удостои и да ни кажи нешто. Баравме средба или со премиерот или вицепремиерот Кочо Анѓушев. Појдовме во Скопје и си се вративме дома без одговор, навистина неубаво. Или немаат решение за проблемот или не сакаат да го решат, трето нема. Бараме исплата на придонесите кои не се платени 6,5 години. И отпремнината. Ни дадоа само по 25.000 денари, а требаше до 30 ноември да имаме земено по 50.000 денари и до крајот на февруари да се исплати целата сума која изнесува по околу 90-тина илјади денари. Ако ни ги платат придонесите на сите потребни се околу 1 милион евра, за заостанатите плати и отпремнина може да се договориме, барем да ги решат придонесите“, рече Пеце Вељаноски, технолошки вишок во Еурокомпозит.
Поранешните вработени во Еурокомпозит велат дека се чувствуваат како да се отпишани од страна на државата.
„Ни сме отпишани од државата. Упорно 10-тина дена и повеќе се обидуваме да оствариме контаклт со власта, со директорот, едноставно како да не постоиме. Ние 150 мина сме отпишани и не знаеме кој крај да го фаќаме. Може и не треба овде да протестираме но бараме помош. Во понеделникот бевме во Скопје пред Влада, никој не не удостои, барем 2 минути или да не излажеа барем нешто. Затоа ќе ги радикализираме протестите и ќе ги зголемуваме по едне час секој ден“, истакна Цветан Бунтески, технолошки вишок во Еурокомпозит.
Екс вработените во Еурокомпозит побараа средба со градоначалникот, но поради неговото отсустви го примија другии претставници од Општина Прилеп коии иим ветиле дека ќе им закажат средба со пратениците на СДСМ од Прилеп и Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.