Владата ќе формира нова безбедносна служба како замена за УБК

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата на Северна Република Македонија во соработка со Министерството за внатрешни работи поднесе предлог закон до Собранието за основање на нова безбедносна служба, Агенција за национална безбедност, како замена за Управата за безбедност и контраразузнавање која досега беше синоним за недоверба кај граѓаните.

 

Рокот за отпочнување со работа на оваа владина агенција, како што денес најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на брифинг со новинарите на оваа агенција ќе биде 1 јуни, 2019 година. Едно од значајните промени е тоа што новата Агенција ќе остане владина структура, но надвор од МВР со цел да се избегне злоупотреба на истата.

 

„Точно е дефинирано на кој начин и кога ќе може да се прибираат информации, како и нивно чување и користење. Прибирањето информации ќе биде во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Секој граѓанин, лично за себе, ќе може да побара информација дали Агенцијата презема некакви дејствија кон него. Сакаме да се ослободиме од терминот тајна полиција. Во оваа држава повеќе нема да се прислушува неосновано“, рече Спасовски додавајќи дека сите информации кои ќе бидат прибавени од страна на Агенцијата нема да се користат како доказ пред суд, туку дека истите се прибираат со цел заштитување на безбедноста.

 

Налогот за прибирање информации од одредена личност ќе дава директорот на Агенцијата за национална безбедност, но за тоа мора да го извести Јавниот обвинител. Директорот на Агенцијата за национална безбедност пак, ќе се избира од страна на Владата по предлог на премиерот на државата.

 

Работата на Агенцијата ќе биде во насока на контраразузнавање, контратероризам, пролиферација, корупција, како и повисоки форми на организиран криминал.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи