Нови 42 имиња ќе се најдат под лупата на антикорупциска

Facebook
Twitter
Email
Print

Државната комисија за спречување на корупцијата состави листа со нови 42 имиња на „сомнителни“ вработувања за кои ќе биде отворен предмет на денешната седница на Комисијата.

 

На листата се најдоа роднини на актуелни и поранешни државни функционери. Министри, пратеници, градоначалници, амбасадори, директори на јавни институции, на државни фирми и агенции, како и судии и членови на судски совет, генерални секретари и советници. Сите се под сомневање за постоење судир на интереси во случаи кога биле вработувани нивни роднини.

 

Меѓу наведените, се најдоа и имињата на внукот на пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, шурнајката на министерот за економија Крешник Бектеши, сестрите и внукот на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, како и имиња на лица кои се поврзуваат со функционери од претходното раководство, како сопругата на поранешниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, снаа, вујко, братучед и братучетка на пратеникот Антонио Милошоски и други лица.

 

Во продолжение е листата со имиња за кои ќе биде отворен предмет на денешната седница на Комисијата:

 

 

На денешната седница на комисијата беше е одлучено да се  покрене прекршочна постапка против Азис Положани, ректорот на Државниот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје поради недоставување анкетен лист за имотната состојба. Положани на функцијата е избран во април минатата година, а сè уште нема доставено анкетен лист за неговиот и за имотот на членовите на неговото семејство. Законот вели дека  бил должен тоа да го направи во рок од 30 дена по стапувањето на функцијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи