ВИДЕО – Ситуацијата со подметнатите пожари во прилепско е алармантна, се бара итна реакција на надлежните

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ситуацијата со пожарите во Општина Прилеп станува алармантна, според пожарникарите секој ден имало по 20-тина пожари од кој најголем дел подметнати. Велат дека повеќе неможат ниту физички да издржат со вакво темпо на работа затоа што немаат ниту доволен брoj на луѓе, ниту пак располагаат со соодветна опрема за гаснење на шумски пожари.

 

 

„И давам апел до сите несовесни граѓани, а и до институцииите да превземат мерки за спречување на ваквиот начин на намерно палење на шумите и полињата, најчестиот пожар е шумски“, истакна Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп.

 

Бараат надлежните да започнат со итно казнување на оние кои намерно подметнуваат пожари бидејќи секој ден во неповрат заминувале огромен број на хектари под шума.

 

„Нашите ресурси се ограничени ние не можеме во текотна денот да стигнеме на 20 или 30 пожари“, додаде Стојчески.

 

И од ЈП „Македонски Шуми“ признаваат дека ситиуацијата е алармантна. Најчесто пожарите настанувале со палење на стрништа, но и со намерно палење на шумите од дрвокрадците.

 

„Нашата екипираност како во човечки фактор така и во технички поглед е слаба, неможат секаде да одговорат за повиците за гаснење на пожар“, велии Влатко Велески, раководител на „Црн Бор“ – ЈП „Македонски Шуми“ Прилеп.

 

И тие бараат надлежните органи конечно да започнат со казнување.

 

„Да се превземаат санкции против сторителите бидејќи навистина се прави една штета која е ненадомеслива. Така што и она малку шума која ја имаме ако сега на ваков неодоговорен начин го уништиме што ќе му оставиме на нашите идни генерации“, кажа Велески.

 

Како што се затоплува времето се стравува дека бројот на пожари така ќе се зголемува, доколку не се преземат итни мерки.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video