ВИДЕО – Талевски : Прво сакавме да ги расчистиме натрупаните долгови, па сега ќе ги реализираме капиталните проекти

Бројката која се потенцира е таа, 24.6% искористеност на капиталните инвестиции во градот, но сепак една работа која што треба да ја потенцираме, тоа се должи на тоа што локалната самоуправа исплати повеќе од 104 милиони денари средства кои се однесуваат на претходно затекнати долгови кон одредени добавувачи. Одговори претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Неговата изјава ја пренесуваме во целост.

 

„Тенденцијата наша кон оваа одговорна локална власт беше мандадот да го почнеме домаќински, да ги расчистиме сите долгови кои беа натрупани од претходната власт, со цел да може во периодот кој престои тука да се реализираат сите оние капитални проекти кои беа предвидени од наша страна во програмата со која излего

 

Можам да напоменам, а тоа го истакна и градоначалникот, дека сите капитални проекти кои беа ветени пред граѓаните на општина Прилеп во претходната, оваа и наредната година ќе бидат реализирани.

 

Ние сме сведоци дека минатата буџетска година се изврши комплетна реконструкција на околу 50 улици во градот, тоа е една сериозна капитална инвестиција од страна на локалната самоуправа, со оглед на тоа во каква состојба беа улиците во градот.

 

Тука ние не запираме, она што го ветивме пред граѓаните тоа и ќе го реализираме, дека во оваа година практично на подрачјето на општина Прилеп ќе нема ниту една улица која што нема да биде асфалтирана. Тоа е дел од сето она кое што значи капитални инвестиции.

 

Бројката со која што лиферуваше опозицијата е нереална, затоа што доколку тие средства кои се определени со надмирувањето на долгот према доверителите и оние према кои имаше локалната самоуправа долг, тоа значи дека доколку тие средства беа внесени во капитални инвестиции, бројката која што денеска беше лиферувана ќе беше многу поголема“, додаде Талевски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи