Ченто: Вие не осудивте, но историјата ќе не ослободи

Facebook
Twitter
Email
Print

Обвинетиот Јане Ченто пред судот рече дека судот го осудил, но историјата ќе го ослободи и додаде дека сонцето на слободата еден ден ќе изгрее.

 

„Се прашував дали да барам да се бранам од слобода или од куќен притвор, со оглед дека бев вратен во притвор од полицаец, за потоа да се утврди дека полицаецот лажел. Поради ова нема да барам да се бранам од притвор да не му текне пак на некој со лажна службена белешка да ме враќа назад. Не се плашам од затвор. Вие не осудивте, ама историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе огрее и сонцето на слободата. Да живее Република Македонија“, рече обвинетиот Јане Ченто кој доби 15 години затвор.

 

„Да живее Република Македонија“, извикаа и обвинетите во знак на  поддршка на Ченто.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи