ВИДЕО – Самарџиоски : Над 12.000 пензионери од Прилеп се под голем удар поради лошите политики на СДСМ

Над 12.000 пензионери од Прилеп се под голем удар од политиките на актуелната локална и централна власт предводени од СДСМ. Откако СДСМ е на власт имаме се потешко секојдневие, неправди на секој чекор и огромна неспособност на власта за да донесе подобар стандард за граѓаните на Македонија. Истакна на денешната прес конференција д-р Стеван Самарџиоски, пензиониран стоматолог, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Над 12.000 пензионери од Прилеп се под голем удар од политиките на актуелната локална и централна власт предводени од СДСМ. Зголемувањето на сметките за вода за околу 60% и намалениот раст на пензиите се дел од новиот живот кој СДСМ го донесе за овие луѓе.

 

Голем брод од прилепските пензионери мака мачат да го истуркаат месецот и да ги покријат трошоците неопходни за нормален живот, а сега дополнително се влошува и нивната живеачка.

 

Преку најновите измени на Законот за пензии, власта директно удри по една од најголемите категории граѓани во државата. Ако досега усогласувањето на пензиите се вршеше кога постои раст на трошоците за живот и раст на платите во државата, сега пензиите ќе растат само кога ќе има раст на трошоците за живот.

 

Имајќи го во предвид движењето на платите во минатото полугодие, пензионерите со ова законско решение ќе бидат скратени за околу 500 денари месечно.

 

Вака формулираното законско решение кое од неодамна се применува, значи и губење на принципот на еднаквост и правичност кон оваа категорија на граѓани. Гледано во бројки од вкупно 320.000 пензионери во цела Македониија, дури 170.000 кои земаат пензии под просечната, а која изнесува само 14.421 денар и во услови на најмало зголемување ќе добиваат помалку од пензионерите со поголеми месечни примања.

 

Тоа е спротивно на Законот кој важеше во минатото кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и кога пензиите подеднакво се зголемуваа за сите категории на пензионери.

 

Оваа власт има пари за црни тендери, за луксузирање, за нови лимузини, за скапи патувања, за двојазични табли, а нема пари за оние кои им е најпотребно.

 

Претседателските избори на 21 април се вистинска шанса за прв удар на оваа расипничка и обезнародена власт на СДСМ. Граѓаните се свесни и ќе дојдат по своето“, рече Самарџиоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien