Се подготвува листата на споменици што ќе бидат означени како споменици од античка Грција

Во тек е процес на подготовка на листата на споменици кои ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција, а комисијата ќе ја утврди во рок од шест месеци, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Комисија ќе утврди кои се тие споменици. Некои се во центарот на Скопје. Тоа што тие го нарекуваат ‘Воинот на коњ‘, јасно ни е на сите, а и на нас, и уште пред половина година кажавме дека тоа ќе биде ‘Александар Македонски, тоа што всушност е, но листата сѐ  уште ја немаме за да кажеме, рече Бошњаковски.

 

Тој додаде дека во оној момент кога комисијата ќе ја заврши работата и кога ќе утврди за кои споменици се работи, целата листа на споменици што ќе добијат натпис дека се дел од хеленската историска цивилизација-наследство на целиот свет, ќе ја информираат јавоста.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien