Автомобил марка „Пежо“ претпладнево заврши во Охридското Езеро.
Неофицијално до инцидентот дошло поради невнимание. На возилото кое било паркирано на градскиот кеј не била подигната рачната кочница и не било во брзина.
Конфигурацијата на теренот, односно косината на паркинг-местото, била причина возилото да се придвижи нанапред и да заврши во езерската вода, констатирала сообраќајната полиција.
Предизвикана е помала материјална штета на возилото.