Аудио касетите се враќаат во мода

Аудио-касетите, популарни носачи на звук од 80-тите, се враќаат во мода. Француската компанија „Мулан“ отвори нова фабрика за производство на касети откако побарувачката за овој ретро носач на звук почна да се наметнува од страна на повеќе музички ѕвезди на модерното време, меѓу кои и Аријана Гранде и Џастин Бибер.

 

„Земете го за пример греењето: имате радијатори дома. Удобно е, но имате можност и да се греете на добар камин. Целта е задоволството. Тоа е касетата или винилот“, вели директорот на компанијата „Мулан“, Жан Лук Рено.

 

„Reputation“ на Тејлор Свифт, „4:44“ на Џеј Зи, „Lust For Life“ на Лана дел Реј, како и музиката од филмот „Чувари на галаксијата“ се понудени на касета и во цеде-формат и се продаваат одлично.

 

Компанијата „Мулан“ и пред 20 години правеше аудио-касети, а сега ќе произведува аналогни аудиокасети под трговската марка „Рекординг д мастерс“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи