МВР објави видео од остатоците од авионот што вчера се урна во близина на Солунска Глава, при што загинаа четворица патници од бугарија. Авионот паднал на непристапен терен и засега нема услови да се извлече.
Припадниците на МВР, вчера околу 19 часот, ги лоцираа остатоците од авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска глава.
Локацијата е целосно обележана, а експерти од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР и од Комитетот за истражување воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ќе ги вештачат остатоците од авионот, со цел да се утврдат причините за авионската несреќа.
Во несреќата загинаа Г.А.Б. (1970 год.), К.Ц.К.Б.(1972 год.), Г.Г.Б. (2005 год.) и Б.Г.Б. (2000 год.) сите од Република Бугарија. Како што рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски, според презимињата станува збор за семејство.