ОО СДСМ Прилеп : ВМРО-ДПМНЕ го укина усогласувањето на пензиите, со СДСМ пензиите растат и се воведува социјална пензија

Лицемерието на криминалната ВМРО-ДПМНЕ, нема граници. Токму криминалната ВМРО-ДПМНЕ го укина законското усогласување на пензиите и наместо да се грижи за доброто на пензионерите, оваа злосторничка партија се посвети на крадење на народните пари. Се вели во писмената реакција на ОО СДСМ Прилеп, на пресот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Токму ВМРО-ДПМНЕ, предводена од избеганиот криминалец Груевски, направи дефицит во буџетот на ПИОМ во висина од над 300 милиони евра, со што им наштети на сегашните и на идните пензионери.

 

Затоа криминалната партија која сега ја предводи Христијан Мицкоски, а која се’ уште е заглавена во матрицата на Никола Груевски, треба да се срами да ги спомне пензионерите.

 

За разлика од нив, Владата предводена од СДСМ, обезбедува редовна исплата, континуиран и стабилен раст на пензиите.  За споредба, ако во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2018 година таа зголемена и изнесуваше 14.421 денари.

 

Интересите на пензионерите и на граѓаните воопшто, се секогаш приоритет за Владата предводена од СДСМ и затоа уште од  самиот почеток донесе серија на мерки и законски решенија кои со години ги бараа граѓаните. 

 

Пензионерите кои примаат помалку од 14.000 денари пензија добиваат бесплатно болничко лекување.

 

Рударите се пензионираат само со работен стаж. Со усвоените законски измени, жените ќе одат во пензија со 35 а мажите со 40 години работен стаж, што беше долгогодишното барање на рударите, а кое ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше.

 

И како што ветивме за време на парламентарните избори, пред да се формира Владата од СДСМ, затоа што за нас зборот е збор, почнувајќи од оваа година, поточно од месец јуни 2019 година, се воведува социјална пензија за секој граѓанин кој наполнил 65 години, а кој нема друг извор на приход и не го исполнил правото на редовна пензија.

 

Ете така се сака државата и се води грижа за сите граѓани. Затоа граѓаните застануваат со нас и заедно чекориме напред во подобра иднина“, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи