ВИДЕО – Прогласени најдобрите работници во Тутунски комбинат Прилеп по повод денот на вработените во тутунската индустрија

По повод денот вработените во тутунската индустрија денеска во Тутунскиот комбинат Прилеп беа доделени награди за најдобрите вработени. Александар Волнароски, референт во комерција во Тутунски комбинат, доби златник по повод 20 години од работењето во Комбинатот, а Али Ахмедоски, Сашо Тренкоски и Методија Костоски добија парична награда од синдикалната организација.

 

 

„20 години не се малку во оваа фирма, јас потекнувам од тутунарско семејство, татко ми беше исто директор порано тука. Мислам дека оваа фирма има иднина поготово сега со Филип Морис. Работам 20 години во комерција како референт и се надевам дека фирмава ќе биде една од најуспешните како и што беше во минатото, како во Прилеп така и во Македонија. Нормално посакувам тука да си дочекам и пензија“, истакна Александар Волнароски, референт во комерција во Тутунски комбинат.

 

Александар Волнароски, референт во комерција во Тутунски комбинат

 

На Ахмедоски пак ова му е втора награда, тој има 31 година стаж, а претходно ии тој добило златник кога наполнил 20 години стаж.

 

„Јас работам како кареткар. Задоволен сум од наградата, посакувам и тој што нема добиено да добие награда. Јас тука работам 31 година и имам добиено и златник како награда кога направив 20 години стаж“, рече Али Ахмедоски, кареткар во Тутунскии комбинат.

 

Али Ахмедоски, кареткар во Тутунскии комбинат

 

Тренкоски и Костоски посакаа повисоки плати и светла иднина за компанијата.

 

„Имам 32 годинии стаж. Работам во секторот холдинг како логистика. Среќен сум што сум добитник на оваа награда за најдобар работник во холдингот и посакувам Тутунски комбинат да опстојува и да работи уште барем 100 години. Сепак ние сме фирма со педигре“, кажа Сашо Тренкоски, вработен во холдинг во Тутунскии комбинат Прилеп.

 

„Работно искуство имам 34 години, чест ми е што ме избраа за најдобар работник, желба моја и на вработените е да се зголеми производството и да имаме повисоки плати“, истакна Методија Костоски, вработен во погонот цигари.

 

Сашо Тренкоски, вработен во холдинг во Тутунскии комбинат Прилеп

 

 

Методија Костоски, вработен во погонот цигари

 

Директорот Кире Станкоски, истакна дека Тутунски комбинат Прилеп откупот од минатата реколта го завршил во целост, исплатени биле сите тутунопроизводители.

 

„Нашиот зацртан план од почетокот е исполнет во целост. Се покажа дека се работи за реколта со многу послаб квалитет за разлика од лани, но што е тука е. Не застануваме, со нашиот стратешки партнер веќе склучивме договор за продажба на целата реколта. Во делот на цигарната индустрија, производството во делот на премиум брендот Малборо го имаме секој месец. Нашите развојни планови секој месец ги обновуваме и се надеваме дека во Прилеп во делот на тутунската индустрија следува светла иднина“, Кире Станкоски директор на Тутунски Комбинат Прилеп.

 

Кире Станкоски директор на Тутунски Комбинат Прилеп

 

 

Тутунски комбинат Прилеп годинава планирал да склучи како и лани околу 4.000 договори за откуп на околу 3 милиони килограми тутун. Инаку во Комбинат моментално има 250 вработени.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien