ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп : Првите луѓе на СДСМ во прилепската полиција директно впуштени во партиска кампања и активности на терен

Залудни се сите барања на изговори од СДСМ дека нивните кадри во МВР работеле професионално и во интерес исклучиво на граѓаните. Нивните кадровски решенија, командири, началници, шефови, се се’ само не професионалци. Се вели во писмената реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, која доаѓа по реакцијата на СДСМ на пресот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Писменото соопштение го пренесуваме во целост.

 

„Доказ за тоа се овие фотографии во продолжение, каде може да се види командирот на Полициската станица Прилеп, Кире Спиркоски-Чипсио, каде присуствува на состаноци со активисти на СДСМ Прилеп, заедно со градоначалникот Јованоски и првите луѓе на партијата.

 

Дали ова е таа посветеност и работа во интерес на сите граѓани?

 

Дали првите луѓе на СДСМ во МВР се директно впуштени во партиска кампања и активности на терен?

 

Ова ли се реформите во полицијата кои ги ветуваа пред граѓаните?

 

 

Доказ за така наречената професионалност се и новите кадровски решенија во ПС Прилеп. Таму од пред некое време вработена е Дафина Спиркоска Гешоска, сестра на партискиот “капо ди тути капи” од СДСМ Прилеп, Александар Спиркоски – Џемо, како и Александра Бозоска, внука на секретарот на Парламентот, Цветанка Иванова.

 

Граѓаните бараат поголема безбедност и се загрижени од зголемениот број на криминални појави, вооружени грабежи и демолирање на автомобили во сопственост на неистомисленици со владеачката структура.

 

Вчера беа Марјан Ристески и Гоце Стефаноски, а утре може да биде секој друг граѓанин кој не се согласува со ваквата партизираност, непотизам и предавства на државата и народот.

 

За среќа, прилепчани најпрво на 21 април, а потоа и на 5 мај, ќе ја казнат оваа разуздана власт и ќе ја сместат на темната страна од македонската политичка историја“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien