ВИДЕО – Прилепчанец 7 години живее без струја, вода и никакви примања, од станот се шири неподнослива смрдеа во целата зграда

Седум години живее без струја и вода. Во неговиот стан буквално не се седи од неподносливата смрдеа. Заборавил кога последен пат се искапил. Незема никакви приходи, живее само од малата помош која му ја дава црквата „Свето Благовештение“ и хумани граѓани. Секој ден јаде само леб и маргарин. Ова се нечовечките и услови во кои живее 52 годишниот прилепчанец Тони Наумоски кој има и нарушено психичко здравје.

 

 

„Во зима немам огрев, се покриивам со алишта и кебиња ама џабе воздухот е ладен. Вода земам од комшииите во шишиња. Се мијам надвор во ходникот на зградата или во просторија кај подрумите“, вели Тони Наумоски.

 

Вистинско чудо е како воопшто е жив. Не добива ниту социјална помош бидејќи на негово име кога починал татко му останале над 7 декари земја во селото Суводол, Македонски Брод, за кои не знае ниту каде се наоѓаат. Го чува и гледа, ако може така да се каже, негов роднина кој ретко доаѓа во станот.

 

Соседите пред 2 месеци поднесле барање до Центарот за социјална работа под итно да превземе мерки и да го згрижи Наумоски. Велат дека повеќе неможат да живеат во зградата затоа што од станот се шири неподнослива миризба.

 

„Се работи за крајно тешки услови за живеење, без струја, без вода, без никакви средства за егзистенција “, рече Борис Ристески, сосед.

 

„Не се излегува надвор, не може ниту прозорец да отвориме, ниту тераса, смрди корни. Каде што ќе најде таму оди по нужда“, кажа Роза Глигороска, сосед.

 

Од Центарот за социјална работа потврдуваат дека тој не добива социјална помош бидејќи на негово име има ниви, но велат дека од лани од септември Наумоски добивал по 3.900 денари нега за туѓо лице. Но никој не знае каде завршуваат тие пари бидејќи Намоски не знае и дека воопшто гии добива.

 

Стручните работници истакнаа дека се запознати со случајот и дека повторно ќе прателе тим кој одново ќе го разгледа целиот проблем и ќе утврди дали и како Наумоски може да биде згрижен во институција. Доколку државата не реагира најитно во прашање се доведува животот на Наумоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи