Возило удри во 6-годишно дете во Прилеп

Шестгодишно дете се здоби со тешки телесни повреди, кога автомобил марка „пежо“ удрил во него, информира МВР.

 

Според полицијата, сообраќајката се случила вчера во 15.45 часот на улицата Војводинска. Автомобилот со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрил во шестгодишното дете од Прилеп.

 

Од ударот детето било тешко повредено по што било однесено во Градската болница Прилеп.

 

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien