ВИДЕО – Трајкоски и Седлоски од Крушево први на меѓународниот натпревар за гастрономија во Хрватска со специјалитети од сом, пастрмка и „Влашка торта“

Давид Трајкоски и Бојан Седлоски, ученици во СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево го освоија првото место на меѓународниот натпревар за гастрономија, кој се одржа островот Брач во Хрватска. А училиште пак за угостители и готвачи го освои второто место, во конкуренција од 24 училишта од повеќе земји од Балканот и Европа. Трајкоски и Седлоски подготвиле традиционални македонски рецепти и тоа од риба, но припремени на модерен начин.

 

 

„Како предјадење сом, името му беше „сомотна градина“ и пастрмка за ручек рецепт кој се викаше „рибина фантазија“. Сомот се сецка, се вари 12 минути, се подготвува подлога од киноа, таа се пржи и се сервира. Исто и „рибината фантазија“ се ролова со спанаќ, зачиинета, се запржува зеленчук“, истакна Давид Трајкоски, ученик во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ Крушево.

 

Давид Трајкоски, ученик во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ Крушево

 

За десерт пак направиле т.н Влашка торта, препознатлива за регионот на Крушево.

 

„Се чувствував многу возбудено, не се надевав дека ќе освоииме прво место, можеби се надевавме на второ или трето. Личен специјалитет сеуште немам, сакам да бидам готвач, слаткар“, кажа Бојан Седлоски, ученик во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ Крушево.

 

Бојан Седлоски, ученик во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ Крушево

 

За натпреварот се подготвувале активно 3 месеци. А голема поддршка околу изборот на специјалитетите и мениата имале од поранешниот ученик Христијан Јорданоски. Ментор за целиот настан била професорката Оливера Карева Скола, професор во СОУ „Наум Наумоски – Борче“.

 

„За половина час, за 30 минути, двајцата беа пред сите останати учесници. За мене беше големо чувство, преголема радост кога судиите ми ги кажуваа комплиментите за моиите ученици“, изјави Оливера Карева Скола, професор во СОУ „Наум Наумоски – Борче.

 

Трајкоски, Седлоски и меторот професорката Оливера Карева Скола

 

 

 

 

Освен приготвувањето на масата се оценувало и поставувањето на масата за што им помагал професорот, Љупчо Крстевски.

 

„Почнувајќи од чаршавите, од надчаршавиите, приборот за јадење, од тоа колкав број на оброци ќе бидат послужени на масата, за да знаеме колкав број на прибор ќе се стави на масата, колкав број на чиини“, додаде Љупчо Крстески, професор во СОУ „Наум Наумоски – Борче“.

 

Вака изгледаат специјалитетите со кои победија Давид и Бојан. Тие велат дека не се сигурни дали ќе останат во Македонија или ќе заминат во странство како многу други врвни готвачи кои излегле од ова училиште.

 

Специјалитетите со коии победија СОУ „Наум Наумоски – Борче“

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи